Македонските џез-формации „Такси конзилиум“ (Taxi Consilium) и „Кантон 6“ (Kanton6) дел од бугарскиот фестивал „Аларма панк-џез“ во Софија

од admin_kult

Во „Софија лајв клуб“ вечер, во 21:00 часот, концерт ќе одржат современите џез- формации „Такси конзилиум“ (Taxi Consilium) и „Кантон 6“ (Kanton6)од Северна Македонија и „Noise Linguistix“ од Бугарија.

Фокусот на концертот, кој е во рамките на Фестивалот „Аларма панк-џез“, е врз новата македонска џез-сцена.

Од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија информираат дека македонската џез-група „Такси конзилиум“ (Taxi Consilium) и електро-етно џез триото „Кантон 6“ (Kanton6) се дел од музичката етикета на ПМГ Џез – Скопје (PMG Jazz), што во последните три години издаде 30 албуми со нова македонска џез-музика и наскоро планира да го прошири продуцирањето и на групи од поширокиот балкански регион.

Бугарскиот дует „Noise Linguistix“, пак, свири во слична стилистика и ги носи карактеристиките на пошироката нова балканска џез-сцена.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе