Во Уметничката галерија „Цвета Шуманова“ во Велинград на 14.7.2023 г. (петок), во 17:30 часот, ќе биде отворена биеналната изложба „Скици 2022“.
Изложбата е резултат на добрата соработка меѓу НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Уметничката галерија „Цвета Шуманова“ од Велинград. Овој меѓународен проект ќе биде дел од програмата на јубилејното 50-то издание на Велинградските денови на културата.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 27 цртежи, во различни формати, од 14 академски ликовни уметници од повеќе генерации: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.
Осмото издание на биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“ е проект на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово и е дел од годишната програма на Министерството за култура.