Реализацијата на патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“, во организација на Културно-информативниот центар од Скопје, ќе започне на 23 јули.
КИЦ го организира фестивалот во соработка со сродните културни центри од внатрешноста на државава.
Според организаторите, фестивалот има цел да ги отвори вратите кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија, преку поставување темели за соработка и градење културна свест, во различни средини низ различни градови.