Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска присуствуваше на работна средба помеѓу претставници од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).
На средбата стана збор за сличните проблеми што ги делат,, а за нив говореа претседателите на ДПМ и на ДЛУМ, Христо Петрески и Јана Манева –Чупоска, и претседателот на Собранието на СОКОМ, Јане Коџабишија.
Потенцирајќи ја важноста на овие најстари еснафски здруженија и културната меморија што ја имаат во општетството, нивните раководства ја информираа министерката за кадровски, финансиски просторни проблеми со кои се соочуваат.
Министерката Костадиносвка-Стојчевска ги поддржа нивните заложби и барања и рече дека Министерството е отворено за соработка и за изнаоѓање механизми како дел од тие отворени прашања да се решат. Оваа средба на трите здруженија се оджа по многу години, а на неа беше иницирано и потпишување на заеднички меморандум за соработка, зашто како што рекоа, уметноста е неделива, а здружени веруваат ќе постигнат повисоки резултати.