Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европска куќа отворена во Велес 

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска, заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на  изложбата  „На работ на зборовите“ на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска.

Со отворањето на изложбата, македонските уметници: Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, преку своите дела, ја споделија со велешани уметничката порака за моќта и поврзаноста на зборот, јазикот и комуникацијата.

Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го отворањето на новиот урбан простор во Велес, рече дека: „Новата, петта по ред Европската куќа, е нов дом за велешани и за сите оние што веруваат во значењето на дијалогот и размената на идеи, за сите кои со гордост ги негуваат својата култура и традиција и кои го споделуваат идеалот на обединета Европа“.

Во новиот урбан простор на Европската куќа во Велес прозвучија и стиховите од великанот на современата македонска поезија, Кочо Рацин, кои ги прочита младата поетеса Марија Грубор, придружувана со настапот на џез-музичарот Филип Букршлиев на гитара.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе