Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Стразбур

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, од денеска престојува во работна посета на Стразбур, каде ќе учествува и ќе се обрати на 7-от пленарен состанок на Управниот комитет за анти-дискриминација, диверзитет и инклузија (CDADI).

Во рамки на посетата, Костадиновска-Стојчевска во Палатата на Европа ќе се сретне со генералната секретарка на Советот на Европа,  Марија Пејчиновиќ Буриќ, со извршниот директор на Европскиот институт на Ромите за уметност и култура, Тимеа Јунгхаус, а ќе оствари средба и со Петра Бауер, претставничка на жените во парламентарната група.

Во фокус на разговорите ќе бидат европската перспектива на земјата, како и текот и следните чекори на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе