Костадиновска-Стојчевска вечерва се обраќа на отворањето на 63. издание на „Охридско лето“ – настапува оперската дива Анџела Георгиу

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на 63. издание на најреномираната музичко-сценска манифестација со интернационален предзнак, „Охридско лето“.

Свеченото отворање на шеесет и третото издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе започне во 21:00 часот, со концерт на светски познатата оперска дива Анџела Георгиу, која ќе настапи со Оркестарот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија, под диригентската палка на извонредниот Чипријан Теодорашку од Романија.

Фестивалот „Охридско лето“ ќе го прогласи за отворен покровителот, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а од името на уметниците, присутните ќе ги поздрави нашата реномирана уметница, диригентката Бисера Чадловска.

Љубителите на уметноста, во периодот од 12 јули до 20 август, ќе имаат можност да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалските сцени – Антички театар, Долни Сарај, предворјето на црквата „Св. Софија“ и Центарот за култура – ќе настапат над 1000 уметници од над 20 земји од светот: Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, како и уметници од Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе