„Копнежот на светлината“ – изложба на Душан Коцев во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

од admin_kult

„Копнежот на светлината“ е насловот на изложбата на слики од Душан Коцев што ќе биде отворена вечер (29 септември) во 19 часот во ликовниот салон при  ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 20-ина уметнички слики изработени во акрилна техника на платно.

Радовишанецот Душан Коцев годинава остварува 30 години активно творештво. Досега реализирал четири самостојни изложби, учествувал на над  35 групни изложби во земјава и во странство, а осум години е организатор и  на меѓународната Радовишка ликовна колонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе