Хорот на Национална установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ под раководство на м-р Гоце Цоневски вечер во Музејот на револуционерната борба ќе одржи концерт на словенско-византиско пеење, кој ќе ја отслика тесната врска меѓу фолклорната и црковната македонска вокална практика.
На концертот, кој е во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2023“ на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, како што информираат организаторите, хорот ќе изведе литургиски творби од црковно-музички дејци кои дејствувале на територијата на нашата држава – Јоан Хармосин Охридски, Јован Кукузел, Јанаки Стојменович, Андон Шахпаски, Манасиј Поп Тодоров, Васил Иванов – Бојаџиев, Јане Коџабашија и други.
Во рамките на настанот ќе бидат промовирани и две книги: „LITURGHII ARMANESKA“ од д-р Јане Коџабашија и „КРАТОК ВОСКРЕСНИК“ од Јанаки Стојменович во транскрипција на европска нотација на д-р Мирјана Павловска-Шулајковска.