Во фоајето при Центарот за култура култура „Браќа Миладиновци“ – Струга утре, четврток, концерт ќе одржи популарното трио „Џентлмен“.
Музичкиот состав од тројцата професионални оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор, кои имаат специфична изведба како модерна уметничко-сценска атракција, за публиката најави вистинско уметничко доживување.
Триото „Џентлмен“ има настапувано низ целата држава со свои целовечерни концерти. Дел се и од големи манифестации во државава и надвор од неа.
Проектот е поддржан во рамките на Годишната програма на Министерството за култура.