Во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул вечер, 23 ноември, во 19:00 часот, концерт ќе одржи Скопскиот дувачки квинтет.
На програмата се дела од: Фаркаш, Хајдн, Бизе, Прокопиев, Смокварски…
Квинтетот го сочинуваат познати уметници членови на Камерниот оркестар „Скопски солисти“, на Филхармонијата и на Националната опера: Марија Јакимовска – флејта, Васил Атанасов – обоа, Ристо Ѓоревски – кларинет, Орце Ицковски – фагот, Александар Гошев – хорна.