Концерт на оперски арии, дуети и соло песни пред прилепчани

од admin_kult

Концерт на оперски арии, дуети и соло песни, во изведба на тенорот Илија Белистојаноски, сопранот Ана Митоска и пијанистот и професор Дарко Мариновски, ќе се одржи вечер (28 јули), од 20 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

На програмата се композиции од: Антонио Калдара, Џакомо Доницети, Волфганг Амадеус Моцарт, Георг Фридрих Хендел, Пиетро Маскањи, Џакомо Пучини, Џузепе Верди, Жил Масне, Марин Ламберт и Винченцо Белини.

Концертот е поддржан од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе