Концерт на Мандолинскиот оркeстар „Скопје“ посветен на трагичниот настан во Кочани

од admin_kult

Мандолинскиот оркестар „Скопје“, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри, вечер ќе одржи Пролетен концерт во фоајето на Музејот на македонската борба, посветен на трагичниот настан во Кочани.

На програмата сe композиции и оперски арии од: В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Ф. Тости, Љ. Бранѓолица, Ф. Лехар, Џ. Верди, Ф. Шуберт, Г. Коларовски, П. Маскањи, а како солисти ќе настапат оперските пејачи Михајло Арсенски – тенор, Александра Коцевска – мецосопран и Горан Начевски – баритон.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе