Книжевна вечер со Влада Урошевиќ на Филолошкиот факултет – Скопје

од admin_kult

Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје вечер од 18 часот во аулата на Факултетот организира Книжевна вечер со Влада Урошевиќ, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2023 година.

Авторот ќе ја чита својата поезија на македонски, а студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе презентираат препеви на неколку странски јазици.

Академик Влада Урошевиќ годинава беше лауреат на поетскиот фестивал во Струга, а, меѓу другото, ја доби и книжевната награда „Роман на годината“ за 2022 година. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе