Изложба со наслов „75/75“ во Чифте амам за 75 години од формирањето на Националната галерија

од admin_kult

Во објектот Чифте амам во Старата скопска чаршија, љубителите на уметноста имаат можност во рамките на уметничката поставка „75/75“ да видат врвни дела од домашни, но и од регионални уметници. Со оваа изложба започна одбележувањето на јубилејот 75 години од формирањето на Националната галерија.

Станува збор за селекција на едни од најрано собраните експонати за колекцијата на Националната галерија, која вклучува и исклучително вредни дела.  Во рамките на изложбата „75/75“ се претставени дела од повеќе автори, и тоа: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ѓорѓи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и други (скулптори).

Изложбата „75/75“ ќе биде отворена до 19 август, а на 2 август, датум кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти на Националната галерија ќе биде бесплатен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе