Изложба „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“

од admin_kult

Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ денеска ќе биде затворена прославата на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје. 

– Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15 000 уметнички дела од  3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамика). Делата во Остен музејот се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници,  меѓу кои освен големите мајстори, како Анри Матис, се и уметници од модерната и современата уметност, како Пјер Сулаж – добитник на Гран при за животно остварување на „ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018“, како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од животот и кариерата ги изградиле во Франција, како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели – се вели во соопштението од Францускиот институт во Скопје. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе