Изложба „Средба со историјата: една слика – една приказна“ на Мирчо Матевски Рисимкин

од admin_kult

Во Мала станица вечер (5 септември) во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Средба со историјата: една слика – една приказна“ на Мирчо Матевски Рисимкин.

Мирчо Матевски Рисимкин е роден во 1961 година во Скопје. Средно образование завршил во Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во 1980 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1984 година, во класата на професор Димитар Кондовски, а во 2012 година магистрирал на ФЛУ во класата на професор Јован Шумковски. Член е на ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) од 1984 година.

Од 1998 до 2009 година живее и работи во Канбера, Австралија. Во периодот 2005 – 2007 година работел во Воениот музеј на Австралија (Australian War Memorial). По враќањето во Македонија, од 2011 до 2014 година работи во Меѓународното училиште „Нова“ во Скопје. Во 2014 година ја реализира изложбата „Патинирани цитати“ во Скопје (МКЦ) и во Охрид. Во 2014 година повторно заминува за Канбера, Австралија, а во 2021 година конечно се враќа со семејството во Скопје каде што живее и работи како слободен уметник.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе