Изложба по повод 120 години од раѓањето на Никола Мартиноски

од admin_kult

Во Крушево, оваа година се одбележуваат 120 години од раѓањето на една од најважните личности за развојот на македонската култура во 20 век, уметникот Никола Мартиноски, се навршуваат 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата „Никола Мартиноски“.

Овој јубилеј, како и неговото творештво и придонес кон македонската современа уметност беа доволен мотив 8 млади дизајнери да се приклучат на дигиталната ликовна колонија во Крушево и да изработат креативни решенија. Под менторство на уметникот Зоран Кардула, дизајнерите инспирирани од уметничкиот стил на Мартиноски креираа дела со помош на дигитални алатки.

Нивните дела ќе бидат изложени и ќе може да се погледнат на 15 август 2023 во Крушевската чаршија и на 18 август 2023 од 12.30 часот во Галеријата „Никола Мартиноски“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе