Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ на Националната установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија –Скопје

од admin_kult

На 4 јуни 2025 година (среда) со почеток во 19:00 часот во Музејот на град Скопје ќе се одржи отворањето на изложбата на фотографии со наслов „Секојдневен живот“, во организација на Националната установа Центар за култура на Турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени вкупно 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку објективот на авторите, публиката ќе има можност да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневјето, пренесени со искреност и естетика.

Настанот е отворен за сите љубители на фотографијата и културата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе