Изложба на Киро Урдин во Букурешт

од admin_kult

По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози“ на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами, Флорида, со изложбата „Предци“, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт.

Во еминентната галерија „Константин Бранкуши“, сместена во Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка на изложбата „Табула Раса“, на површина од близу 600 квадратни метри. На два мониторa во галеријата, посетителите ќе можат да ги проследат документарните филмови на Урдин –  „Планетариум“ и „Табула Раса“.

Кураторка на изложбата е историчарката на уметноста Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметноста Јане Теохаревски.

Изложбата, која ќе биде отворена на 2 август и ќе трае до 31 август, финансиски е поддржана од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе