Изложбата со наслов „Саботна ноќна треска” на Игор Сековски, Иван Блажев и Марија Ветероска беше отворена синоќа во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули Ан. Авторите изложуваат дела на една заедничка тема, но низ три различни изразни форми. Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска.
Изложбата, која се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, ќе биде отворена за посетителите до 21 ноември.