Изложба на Дејвид Стоилковски во Куманово

од admin_kult

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко прокопиев“ – Куманово утре, 5.5.2022 г., в четврток, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Домашна атмосфера“ од авторот Дејвид Стоилковски.

Во рамки на изложбата ќе бидат поставени дваесеттина дела работени во периодот 2020-2022 година. Ова е прва  самостојна изложба на Стоилковски која  е збир на периодите од графити преку правци од уметноста до сликање мурали во поново време

Дејвид Стоилковски, роден во Куманово 1997 година, живеe и работи во Куманово. Има дипломирано на Академијата за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на професорката Славица Јанешлиева, а моментално е на магистерски студии по сликарство кај Јован Шумковски.

Изложбата ќе биде поставена до 18.5.2022.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе