Изложба на победничките фотографии од глобалниот конкурс „Вода=живот“ организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија вечер ќе биде отворена во просториите на Касарна Хаб Охрид.
Изложбата, која е дел од програмата за одбележување на триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Холандија, ќе ја отворат амбасадорот Дирк Јан Коп и авторот на победничката фотографија Томислав Георгиев.
−Во 2022 година, во пресрет на COP27 во Египет, Холандија ги повика ентузијастите за фотографија од целиот свет да создадат и споделат инспиративна и провоцирачка еколошка фотографија во нашиот фото натпревар „Вода = живот“.Но, и покрај толку многу примени моќни слики, може да има само еден победник. Тоа беше Томислав Георгиев со фотографијата направена во Црн Дрим во Струга“−информираат организаторите.