До 13 август, златниот антички наод од неготинското село Тремник ќе биде изложен во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија.
Од Музејот во Неготино информираат дека се презентирани 30 фотографии, на кои е претставен златниот наод пронајден на археолошкиот локалитет „Орманков гроб“ во Тремник во 2008 година.
Накитот датира од 4-3 век пред наша ера, а на фотографиите се претставени повеќе други златни предмети.