Од 21 до 28 август во Галичник ќе се одржи 33. издание на Ликовната колонија „Галичник“. Темата на годинашното издание на Колонијата е „Одржливост“, а како што најавуваат организаторите, разговарање, размислување и дејствување, регионално и пошироко, за ова прашање во рамките на прекрасното село Галичник е целта на учесниците на овогодишната сесија на Колонијата.
Учесници се: Марта Стисјак од Полска; Правдолуб Иванов, Валентин Стефаноф и Нина Ковачева од Бугарија; Ласе Лоренцен од Данска; Зоран Тодоровиќ од Србија, како и домашните учесници: Игор Сековски, Славица Јанешлиева и Гоце Наневски.