Со изложбата „Младите и уметноста“ поставена во Градскиот музеј – Крива Паланка официјално е отворена програмата на годинашното „Кривопаланечко културно лето”.
Изложбата содржи дела од 20-тина младинци од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ и ООУ „Илинден“ од градот, создадени на работилниците за графика, вајарство и сликарство во рамките на проектот „Денови на Уметноста 2023“ на ЛУ „Градски музеј“.
Програмата на „Кривопаланечко културно лето 2023″ продолжува со Меѓународната ликовна колонија „ Св. Јоаким Осоговски”.
„Кривопаланечко културно лето” 2023 го реализираат Општина Крива Паланка, Национална установа Центар за култура Крива Паланка, ЛУ Градски музеј Крива Паланка, во соработка со здруженија од областа на културата и уметноста од градот, и со поддршка на Министерство за култура.