Заменик-министерот Даим Лучи се сретна со министерката за надворешни работи и култура на Индија, Минкаши Леки

од admin_kult

Заменик-министерот Даим Лучи оствари средба со министерката за надворешни работи и култура на Индија, Meenakshi Lekhi.

На средбата, заменик-министерот Лучи го истакна интересот на Министерството за култура за проширување на културната соработка меѓу двете земји преку потпишување меѓудржавни документи, како и со поголемо ангажирање и иницијатива на институциите од двете страни.

Соговорниците се согласија дека треба да се искористат можностите за гостување на уметници и проекти во двете земји. Тие се договорија во следниот период и двете страни да вложат повеќе енергија за унапредување на билатералните односи во областа на културата и приближување на двата народа, кои имаат богата и разновидна култура и меѓусебна силна врска преку ликот и делото на Мајка Тереза.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе