Заврши 15. Ликовна колонија „Дрен“ во Прилеп

од admin_kult

Деветнаесет уметници од земјава и од странство беа дел од 15-тата Меѓународна ликовна колонија „Дрен“ која се одржа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Уметниците создаваа скулптури, инсталации, слики, користејќи  различни материјали: дрво, метал, прилепски мермер.

Во текот на 15 години се создадени околу 400 дела кои остануваат како наследство на Центарот за култура, а делата на годинашната колонија беа презентирани на изложба во Центарот за култура, а ќе бидат презентирани и низ повеќе градови во Македонија.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе