Еднодневен Саем на креативни индустрии по вторпат во Битола

од admin_kult

Во Офицерски дом во Битола утре (15 декември) по вторпат ќе се одржи Саемот на креативни индустрии, под покровителство на Министерството за култура.

На Саемот ќе се претстават 15-ина изложувачи кои се дел од креативниот сектор од Битола и пошироко. Ќе бидат промовирани многубројни производи и услуги од областа на креативните индустрии, вклучително различни модни брендови, рачно изработен накит, паричници, свеќи, робот, ќе има лего-едукација за деца, ќе се презентираат маркетнишки решенија и друго.

Настанот годинава е со фокус на одржливоста, а работното време е од 11 до 18 часот.

Станува збор за вториот дел од Саемот на креативни индустрии во организација на здружението „Балкан синема ситис“. Првиот дел од Саемот на креативни индустрии беше одржан на 28 и 29 ноември во Скопје и обедини над  40 изложувачи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе