Кинотеката на Северна Македонија информира дека е достапна платформа која нуди обука за дигитализација на домашни филмови снимени на BXC, CBXC, 8 мм, 9,5 мм, 16 мм итн.
Станува збор за проектот „Мобилна евтина дигитализација на винтиџ филмови МобиРеел“ во кој Кинотеката соработува со: Р Бугарија, Германија и Холандија. Веб-платформата може да се користи во пет јазични верзии – македонски, англиски, германски, холандски и бугарски јазик.
Активен е и јутјуб-канал на проектот каде што може да се видат кратките видеа снимени од партнерските земји, направени за потребите на проектот.
Како дел од проектот, во моментов се работи и на снимање ново видео, а се подготвува и прирачник кој ќе биде достапен и онлајн. Инаку, проектот е дел од програмата „Еразмус+“.