Европската комисија го објави повикот за категоријата „Европски платформи за промоција на уметници во подем“ во рамките на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“. Крајниот рок за поднесување на предлог-проектите е 31 јануари 2024 година (до 17:00 часот  по средноевропско време)

од admin_kult

За овој повик се обезбедени средства во вкупен износ од 47 400 000 евра за периодот 2024 – 2027 година што ќе се доделуваат на годишни рати, а ќе зависат од расположливите буџетски средства.

                Категоријата поддржува проекти насочени кон промоција на новите европски уметници и нивните дела, подобрување на нивната меѓународна видливост и олеснување на нивната циркулација. Проектите, исто така, треба да ги подобрат пристапот и учеството во културните настани и активности, зголемувајќи го ангажманот и развојот на публиката. Тие треба да бидат дизајнирани и да се развиваат во насока да придонесат кон спроведување на приоритетите на политиките на ЕУ во областа на културата, особено оние што се однесуваат на условите за работа на уметниците.

Категоријата „Европски платформи“ е наменета за сите организации кои дејствуваат во културните и креативните сектори. Проектите кои вклучуваат исклучиво организации од аудиовизуелниот сектор, не се квалификувани за учество во оваа категорија.  

Проектите треба да воспостават платформи составени од координатор – организација на проектот и организации членки на платформата, со заедничка стратегија за програмирање и брендирање.

Теми и приоритети

Предлог-проектите треба да ги опфатат вкрстените теми: (i) инклузивност и различност, особено родова еднаквост, и (ii) позеленување на Креативна Европа.

Конкретни приоритети

  • Уметници и културни професионалци во насока на зајакнување на културните и креативните сектори.

                Во актуелниот контекст, видлива е потребата од промоција на правични, инклузивни и          разновидни рамки кои ги поддржуваат кариерите на уметниците во подем и културните и            на креативните професионалци. Предлог-проектите треба да вклучат ефективни начини за   обезбедување и промовирање подобри работни услови и поправедно наградување,               развој на вештини и доживотно учење, како и уметничка слобода. За таа цел, на         апликантите им се препорачува да го консултираат извештајот на ЕУ за „Статусот и         работните услови на уметниците и културните и креативните професионалци“.

  • Култура за луѓето во насока на зајакнување на културното учество и улогата на културата во општеството.

Со овој приоритет апликантите треба да предложат конкретни активности за градење на капацитетите на културните и креативните сектори за подобрување на учеството во културата, како и ангажманот и развојот на публиката кои помагаат да се промовираат граѓанството, вредностите и демократијата. Предлог-проектите треба да ги земат предвид корисните аспекти на културата за здравјето и благосостојбата, особено за менталното здравје.

  • Култура за кокреативни партнерства во насока на зајакнување на културната димензија на надворешните односи на ЕУ.

                Во врска со овој приоритет, апликантите треба да предложат конкретни активности што ќе им помогнат на културните професионалци и новите уметници да бидат (по)активни         надвор од границите на ЕУ, во и надвор од земјите учеснички во „Креативна Европа“, и да       придонесат за зајакнување на меѓународните културни односи.

  • Култура за дигитална трансформација во насока да им се помогне на европските културни и креативни сектори целосно да ги искористат предностите на новите технологии за да ја подобрат нивната конкурентност.

                Во врска со овој приоритет, апликантите треба да предложат конкретни активности за да     им помогнат на професионалците и новите уметници критички и креативно да ги прифатат            новите технологии и промени поттикнати од дигиталната трансформација базирана, меѓу                другото, и на дигиталната стратегија на ЕУ.

                Предлозите треба да презентираат целосна анализа на потребите и да покажат како се         решаваат горенаведените приоритети и вкрстените прашања.

Активности на платформата  

Апликантите мора да предложат одржлива стратегија за координација и управување на платформата, како и за заедничките активности на членовите.

Заеднички активности на членовите

  • Промоција, одбележување и зајакнување на различноста на европскиот уметнички репертоар преку развивање заедничко европско програмирање на ненационални уметници во развој.
  • Промоција на правична, инклузивна и разновидна средина за новите уметници, особено во насока на наоѓање ефективни начини за постигнување подобри работни услови и правично наградување.
  • Придонес за градење поотпорни и одржливи општества и поттикнување на неопходното усогласување на практиките. Предлог-проектите треба да потврдат дека е предвидена стратегија и прогресивна методологија за градење одржливи практики, како и алатки кои овозможуваат следење на овој развој.
  • Развој на силна заедничка стратегија за комуникација и брендирање која ќе воспостави европски знак за квалитет.
  • Јакнење на учењето и вмрежувањето меѓу колегите, особено со други платформи и други проекти, акции и иницијативи поддржани од „Креативна Европа“.

Координација и управување на платформата

  • Да се обезбеди финансиска поддршка за членовите преку каскаден грант-механизам.
  • Да се зголеми европската димензија и разновидност на членството преку проширување на платформата.

                Очекувано влијание  

Преку оваа категорија треба да се поддржат околу 15 платформи кои покриваат различни културни и креативни сектори. Бидејќи поддршката предвидува да има структурен ефект, стремежот е да се поддржат повеќе платформи насочени кон ист тип уметници или дела од ист културен сектор. И покрај тоа што ќе се почитува евалуацијата на проектите во согласност со критериумите, комисијата сепак ќе внимава избраните проекти да овозможат рамнотежа меѓу културните сектори.

Координаторот и членовите на платформата се обврзани да:

  • воспостават платформа составена од организација – координатор и организации членки;
  • развијат заедничка и координирана стратегија за уметничко програмирање со цел  да ги идентификуваат и да ги презентираат новите европски уметници и нивните дела надвор од нивната земја на потекло;
  • воспостават механизам за каскадни грантови за поддршка на уметниците во развој, подигнување на нивниот профил и зголемување и промовирање на европската културна и уметничка разновидност (70 % од грантот треба да биде наменет за поддршка на уметници во развој);
  • поддржуваат најмалку 50 нови уметници годишно;
  • изградат стратегија за развој на платформата со зголемување на бројот на организации членки, најмалку по една организација годишно.

Квалификувани апликанти

Организацијата што го поднесува предлог-проектот мора да биде правно лице (приватно и јавно) основано во земја учесничка во програмата „Креативна Европа“.

Платформата мора да е составена од водечка организација, која го координира и го поднесува предлог-проектот, и најмалку 11 организации со статус „трети страни“. Организациите со статус на членови, исто како и водечката организација, мора да бидат правни лица и официјално регистрирани во најмалку 12 различни земји кои учествуваат во програмата (мин. 1 водечка организација и 11 организации членки).

Максималниот износ што може да се додели за проект е 2 800 000 евра, а стапката на кофинансирање на ЕУ е 80 % од вкупниот буџет на проектот.

Предлог-проектите треба да бидат со времетраење до 48 месеци.

Апликациите се доставуваат електронски, преку порталот „Funding & tenders opportunity“ каде што може да најдете повеќе информации за овој повик:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/crea-cult-2024-plat?programmePeriod=2021%20-%202027&frameworkProgramme=43251814&callIdentifier=CREA-CULT-2024-PLAT

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе