Десет млади од Северна Македонија на Филмскиот фестивал Џифони во Италија

од admin_kult

Од 20 до 29 јули во Џифони Вале Пјана во Италија се одржува 53-то издание на Филмскиот фестивал Џифони, најголемиот филмски фестивал за деца во светот. Меѓу 6500 учесници од триесетина земји, Северна Македонија е застапена со десет претставници на возраст од 14 до 19 години, избрани меѓу најактивните учесници на последното издание на Филмскиот фестивал за млади Џифони- Македонија.

Калина, Бисера, Максим, Јован, Бојана, Чејс, Дамјан, Летиција, Лина и Тео овие десет дена се дел од големото меѓународно жири кое гледа најнови филмови од светската филмска продукција за деца и млади и ќе ги избере најдобрите остварувања за оваа година.

Освен филмовите, за младите учесници се организирани и бројни други активности, средби со режисери, продуценти и глумци, како и богата музичка програма.

Филмскиот фестивал Џифони се одржува секоја година во јули, како централна манифестација на бројните активности на големото семејство Џифони што се организираат во текот на целата година ширум светот.

Инаку со своето единаесетто издание што ќе се одржи во октомври годинава, Џифони- Македонија, повторно ќе приреди единствено филмско доживување за околу 600 учесници од замјава и од странство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе