„Градот како сцена II – приказна за шетачката перформативна инсталација во три чина“

од admin_kult

Во киното во Железничката зграда (ул. „Борка Талевски“ бр. 26) во Скопје вечер (16 ноември) во 20 часот започнува тридневната програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ (колаборативен проект на Филип Јовановски) на Организацијата „Факултет за работи што не се учат – „ФРУ“, која се прикажува во рамките на 48. издание на Интернационалниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).

Вечер ќе биде прикажан првиот чин „Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии“. Вториот чин од перформансот е закажан за 17 ноември (петок) од 12 до 18 часот под наслов „Ретки искуства на градот како сцена“, додека третиот чин ќе се одржи на 18 ноември од 12 часот кога ќе се одржи дискусија модерирана од Кристина Леловац (актерка и изведувачка, ФДУ при УКИМ – Скопје) и Миодраг Куч (ZK/U – Берлин), Маркета Фантова (уметничка директорка на Прашкото квадриенале за перформанс, дијзан и простор). Истиот ден, од 13:45 часот започнува сесијата „Попаметни граѓани 02“ – Перформативна презентација на процесот на работа со студенти од Архитектонскиот факултет и од Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје, како и други сродни уметнички факултети во земјава во периодот октомври – ноември 2023 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе