Во Јадро аматерска филмска работилница со Марија Џиџева

од admin_kult

Во просторот на КСП Центар – Јадро е во тек четвртото издание на „ОКО“ – аматерска филмска работилница  со режисерката Марија Џиџева.

„ОКО“ e аматерска филмска работилница за филмски разговори и креации каде што учесниците ќе имаат можност да добијат основни познавања за филмска писменост и преку практична работа да осмислат и да креираат кратки филмски етиди.

Работилницата е дел од Годишната програма на Културно-социјалниот простор Центар – Јадро, финансиски поддржана од Минсистерството за култура, а креираните филмски етиди ќе бидат дел од годинашното издание на Маалскиот фестивал на КСП Центар – Јадро.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе