Во Хрватска претставена македонската современа историографија

од admin_kult

Состојбите во македонската историографија и можностите за соработка со хрватските историчари беа темите на кои македонските историчари Петар Тодоров и Ана Чупеска имаа свои излагања на трибината во рамките на 11. издание на Фестивалот за историја „Клиофест“, кој од 6 до 16 мај се одржува во Националната и универзитетска библиотека во Загреб, Р Хрватска.

Како што информира Наталија Поповска, директорка на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и водител на трибината, македонските историчари од различни аспекти, историски и политиколошки, се осврнале на актуелните историски теми во нашата земја. Таа додава дека интересот за македонската историографија, како и за темите кои историски и културолошки ги поврзуваат двете пријателски земји, е навистина голем.

Ова е прво учество на нашата земја на овој реномиран фестивал и е поддржано од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе