Во Пустец, Мала Преспа, Албанија,  заврши 16. издание на фестивалот „Македонско културно лето 2023″

од admin_kult

Фестивалските настани се одржаа во Пустец и  во Корча, а публиката уживаше во настапот на ансамбл Преспа, во претставите „ЈЗУ Европа” и „Лидија или се што знам за жените”, во извонредниот „Поетски Слем Македонија” и прекрасниот концерт на „Трио Џентлмен”.

Организатори на фестивалот кој е основан со цел заштита, развој и промоција на македонската култура во Албанија и поголема културна соработка меѓу двете земји се Здружението на Македонците со албанско потекло „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир.

Овој фестивал кој е најзначајниот и најголем културен настан за македонците во Пустец, во последните три години е вклучен во културната мапа на настани кои Министерството за култура на Албанија препорачува да се посетат.

Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе