Класичниот балет „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ќе биде изведен вечер (17 ноември) и потоа на 21 ноември со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет.
Од Националната опера и балет информираат дека билетите за претставата на 17 ноември се распродадени.
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, дизајн на светло – Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски.
Во главните улоги на вечерашната изведба ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Аманда Роча (Бразил), Ангела Велевска. Во главните улоги на 21 ноември ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, Ангела Богатинова. Настапуваат солистите, Балетскиот ансамбл и Оркестарот на Националната опера и балет.