Во Националната галерија-Мала станица, е отворена шестата самостојна изложба на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, насловена „Ad Astra vol.2“.
Изложбата ги собра уметниците, љубителите на уметноста, пријателите и семејството на едно место, каде што патот исполнет со слики ве води до ѕвездите и ве испраќа во неверојатен свет каков што само авторот на овие дела успеал да создаде.
Валмир Азири дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот Графички дизајн. Долго време бил член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано самостојни изложби, а учествувал и на многу групни изложби и ликовни колонии.
Изложбата во Мала станица ќе биде отворена за посетители во наредните денови.