Во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија на 13 октомври 2022 (четврток), со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи концерт на Македонскиот брас квартет

од admin_kult

Музичката формација во состав: Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон ќе исполни познати музички дела од: Г. Ф. Хендл, Х. Персел, Џ. Ф. Анерио, М. Равел, Н. Р. Корсаков, А. Пијацола, А. Алјабиев.

Македонскиот брас квартет е основан во 2013 година, од кога се бележат и првите нивни настапи. Музичарите од квартетот се колеги, вработени во Национална Опера и Балет во Северна Македонија. Македонскиот брас квартет има настапувано ширум градовите на Северна Македонија, во Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово Берово и Скопје, во склоп на фестивали и самостојни концерти.

Македонскиот брас квартет во 2019 година се претстави пред полн салон на КИЦ во Софија. Составот ја пречекува публиката со нова концертна програма на нивниот втори концерт во КИЦ на РСМ во Софија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе