На 18, 20 и 21 јануари со почеток во 20:00 часот, во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде прикажан филмот „Мими“ во режија на Даријан Пејовски.
„Психолошката драма Мими, вториот игран филм на Пејовски, предизвика голем интерес кај публиката. Затоа Кинотеката резервираше дополнителни три проекции на филмот во рамки на јануарската програма“, информираат од Кинотеката. Од таму додаваат дека оваа филмско остварување, по премиерата на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје забележа учество и на филмските фестивали во Пула и Херцег Нови…
Играниот филм „Мими“ е копродукција помеѓу Северна Македонија, Хрватска и Црна Гора. Сценариото е на Даријан Пејовски, а улогите ги толкуваат: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ.