Белградска филхармонија со маестро Зубин Мехта гостува во Скопје

од admin_kult

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува денеска  со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта, на кој ќе присуствува и министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.  

Гостувањето на Белградската филхармонија  и славниот маестро Зубин Мехта во Скопје е закажано за 24 јуни (сабота), во 20 часот, во концертната сала на Филхармонијата.

Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз.

Покрај концертите во Белград (20 јуни), Скопје (24 јуни), Белградската филхармонија ќе одржи и концерт во Тирана (22 јуни).

Маестро Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена. Концертот со кој Белградската филхармонија одбележува и 100 години од основањето ќе биде негов 11 настап со овој оркестар.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе