Академик Виктор Фридман добитник на Светската награда на хуманизмот

од admin_kult

Професор д-р Виктор Фридман од Универзитетот во Чикаго, САД, еден од најголемите американски и светски слависти е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2023 година. Свеченото доделување на наградата ќе се одржи во среда, 9 август во куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.

Како што најави организаторот, пригодни беседи за Фридман ќе одржат претседателот на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој, и ќе му ја врачи наградата на добитникот, во присуство на гости, меѓу кои се и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО. Со своја беседа на присутните ќе се обрати и лауреатот Виктор Фридман.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе