НУ „Охридско лето“ продолжува со реализација на концерти надвор од традиционалната рамка 12 јули – 20 август. По повод Денот на македонскиот јазик, на 5 мај (петок), со почеток од 20:00 часот, во црквата „Св. Софија“, авторски концерт на уметничка вокално-инструментална музика ќе одржи Љупчо Коскаров заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, Иван Трајковски – виолина, Филип Михајловски – канон и Дарко Мариновски – пијано.
Програмата за концертот е составена од македонска уметничка музика која е инспирирана и посветена на таткото на авторот, Блажо Коскаров, познат кларинетист од Кавадарци кој оставил силни пораки и чувства за музичкото наследство врз својот син и идните музички таленти.
Љупчо Коскаров спаѓа во редот на најистакнатите македонски уметници од областа на музичката уметност. Дваесет години е член на Македонската филхармонија како прв трубач и солист во оркестарот.