ДРЖАВНА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“
Согласно со член 4 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 31 мај.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 11 октомври – Ден на востанието на македонскиот народ. Државната награда „11 Октомври“ за првпат е доделена во 1959 година.
Одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2019 година
Одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2019 година
Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2019 година
Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2019 година
Одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2018 година
Одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2018 година Одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2018...