Ве информираме дека Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2026 година.
Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна Македонија.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Конкурсот трае од 1 до 30 април 2026 година.
Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.
https://kultura.gov.mk/mk-MK/konkursi/drzavni-nagradi/drzavni-nagradi