Согласно со член 8 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 30 април.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 26 август – Ден на раѓањето на Мајка Тереза, за прв пат е доделена во 2006 година.
Согласно со член 7 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06 и 54/07) со наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Во една година можат да се доделат најмногу до две награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 31 октомври.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.
Согласно со член 8-а од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Република Севeрна Македонија“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 , 99/18 и 98/19), со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Во една година може да се доделат најмногу до две награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 10 декември – Меѓународен ден на човековите права
Државната награда за прв пат е доделена во 2021 година.
Согласно со член 4 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.
Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 31 мај.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 11 октомври – Ден на востанието на македонскиот народ. Државната награда „11 Октомври“ за првпат е доделена во 1959 година.
Согласно со член 4-б од Законот за државните награди („Службен весник на Република Севeрна Македонија“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 и 99/18), и законот за употреба на јазиците (Службен весник бр.7/19), со државната награда „22 ноември“ се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во упаредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.
Во една година можат да се доделат најмногу до две награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „22 ноември“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 31 мај.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 22 ноември – Ден на албанската азбука
Државната награда „22 Ноември“ за првпат е доделена во 2019 година.
Одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2025 година
Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2025 година
Пријава за поднесување на иницијатива за државната награда „22 Ноември“ во 2025 година
Одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2024 година
Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2024 година
Пријава за поднесување иницијатива за државната награда во „22 Ноември“ во 2024 година
Одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2023 година
Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2023 година
Пријава за поднесување иницијатива за државната награда „22 Ноември“ во 2023 година
Одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2022 година
Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2022 година
Пријава за поднесување иницијатива за државната награда „22 Ноември“ за 2022 година
Одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2021 година
Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2021 година
Пријава за поднесување на иницијатива за државната награда „22 Ноември“ во 2021 година
Одлука за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2020
Конкурс за доделување на државната награда “22 Ноември” во 2020 година
Одлука за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2019
Конкурс за доделување на државната награда “22 Ноември” во 2019 година
Согласно со член 4-а од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 30 април.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 23 oктомври – Ден на македонската револуционерна борба.
Државната награда „23 Октомври“ за првпат е доделена во 2007 година.
Одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2025 година
Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2025 година
Согласно со член 5 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 30 јуни.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 8 декември – Ден на св. Климент Охридски. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за првпат е доделена во 1969 година.
Одлука за доделување на државната награда Св. Климент Охридски за 2025 година