Полагањето на лекторскиот испит се одвива во согласност со Законот за употреба на македонскиот јазик, Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за програмата за испитот и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за програмата за испитот кои се достапни на веб-страницата на Министерството за култура.
Испитот за добивање лекторска лиценца се одржува еднаш месечно, секој месец, со исклучок на месец јули.
Барањето за полагање лекторски испит, кое е достапно на веб-страницата на Министерството за култура (Правилник за образецот на барањето полагање на испитот за добивање лекторска лиценца; ), се поднесува во архивата (писарницата) на Министерството за култура, секој работен ден, од први до десетти во месецот.
Со Барањето за полагање на испитот, кандидатот е должен да поднесе доказ за исполнување на условот за полагање на испитот од членот 10 став (2) од Законот за употреба на македонскиот јазик – диплома за завршено четиригодишно високо образование на студиските програми Македонски јазик или Македонски јазик и литература, со прв главен предмет Македонски јазик (копија заверена на нотар).
Лекторскиот испит се полага пред Комисијата за полагање испит за лектор.
Список на лектори со положен испит за лектор од 1998 до 2015 година
Известување од Комисијата за полагање испит за лектор за септември 2022 година
Известување од Комисијата за полагање испит за лектор за октомври 2022 година
Известување за нови правилници за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца
Известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Испитот за лектор за март 2025
Известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Испитот за лектор за април 2025
Известување од Комисијата за полагање испит за лектор со податоци за Испитот за лектор за мај 2025