ИНСПЕКТОРАТ ЗА УПОТРЕБАТА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК
Менка Андреева
Директор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик
Биографија
Менка Андреева е родена во Велес. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје како професор по македонски јазик со македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Од 2013 – 2025 работела како професор по македонски јазик во основни и средни училишта во Велес. Денес е лиценциран лектор по македонски јазик.
Во текот на својата работна кариера, посветила големо внимание на надоградување и обучување со цел да се здобие со нови вештини и знаења.
Дел од обуките кои ги посетила се :
„Стратегии за менаџмент – принципи и примери на добра практика“;
„Хармонизирање на конфликтите за раст“;
Oбука за „Унапредување на правата на децата“;
Здобивање на знаења од спроведеното национално истражување за информираноста за Конвенцијата за правата на детето и безбедноста во основните училишта;
„Жените лидери - Women Lead“;
„Современи трендови во 21 век и неговите импликации врз поучувањето, наставникот и ученикот“;
,„Зајакнување на комисиите за еднакви можности-Законска рамка и обврски“ и др.
Во 2023 година била дел од меѓународната студиска конференција на тема : „Можности и вмрежување со европски колеги во областа на женското претприемништво“ „Oportunities & Networking with Europian peers in the field of women entreprenurship“ во Будимпешта, Р.Унгарија.
Во текот на својата работна кариера, во повеќе наврати била ментор на Државен натпревар по македонски јазик организиран од страна на Сојуз на Друштва за македонски јзик и литература при што само во учебната 2023/24 година, со своите ученици освоиле две први, една втора и една трета награда.
Добитник е на Пофалница за значаен придонес во својата работа во воннаставни активности, натпревари и проекти, за учебната 2022/23 година.
Била претседател на Совет за превенција од детско престапништво при Општина Велес, од 2022 до 2025 година.
Била дел од Комисија за стипендирање на талентирани ученици и студенти при Општина Велес во периодот од 2021-2025 година.
Како претседател на Комисијата за општествени дејности учествувала во распишување, избор и доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ на град Велес, од 2021 до 2025 година.
Била дел од Организацискиот одбор на „Рацинови средби“, традиционална меѓународна културна манифестација која се одржува со години наназад во Општина Велес, во чест на поетот Коста Солев Рацин.
Како Советник во Совет на Општина Велес, била иницијатор за воведување на мерката парична награда за секој ученик и ментор од основно и средно образование од Општина Велес, за освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен натпревар или олимпијада.
Лектор е на повеќе романи и книги за деца.
Поседува повеќе различни лични вештини и способности така што покрај на својот мајчин македонски јазик говори и на англиски, француски, словенечки и белоруски јазик.
Директорката Менка Андреева е сопруга и мајка на две деца.
Адреса:
ул Св.Кирил и Методиј бр 54,
1000 Скопје
Република Северна Македонија
е-пошта: in.makedonskijazik@kultura.
Тел: +389 70 352 805