На 2 април 2026 година, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на литературата за деца со промоција на книгата „Тапшин танана“ од Божана Атанасова. Настанот започнува во 12:00 часот.
Книгата содржи 17 приказни инспирирани од детството на авторката и секојдневието со нејзините внуци Димитар и Искра. Промотор на книгата ќе биде м-р Милчо Јованоски, а извадоци од приказните ќе чита библиотекарката Бети Лазеска-Симоноска. За значењето на книгата и Светскиот ден на литературата за деца ќе зборува директорката на Библиотеката, Христина Трпеска.
Денот на литературата за деца се слави од 1967 година и УНЕСКО го одбележува како роденден на големиот дански писател на бајки, Ханс Кристијан Андерсен.