Со концерт посветен на староградската музика, НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп на 24 јули (петок) ќе ја организира традиционалната манифестација „Звуците на градот“. Настанот ќе започне во 19 часот во големата сала на Центарот за култура.
Во музичката програма ќе настапат пејачката група „Орхидеја“, КУД „Преродба – 24“, Здружението на пензионери – Крушево, Октет Прилеп, КУД „Пензионер“ и КУД „Пере Тошев“, кои со изведба на староградски песни, ќе ги доближат богатата традиција и музичкото наследство до публиката.